Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за временската состојба изутринава, кои покажуваат дека зимата пристигна со полн интензитет. Во 7 часот, најниската температура е измерена на Попова Шапка (-4 степени) , каде што има и најголема снежна покривка од 31 сантиметар . Снег има и во Крива Паланка, каде висината на покривката изнесува 2 сантиметри. Рекордни врнежи Изминатите 24 часа донесоа обилни врнежи, пред сè од дожд, кои на места надминаа 50 литри на метар квадратен. Крушево: 55 л/м² Охрид: 52 л/м² Претор: 48 л/м² Маврови Анови: 39 л/м² Значителни количества наврнаа и во Пожаране (35), Крива Паланка (34), Битола (32) и Тетово (31). Во Скопје се измерени помеѓу 12 и 14 литри на метар квадратен. Температури утрово Минусни температури, покрај на Шапка, се регистрирани и во Куманово (-3), како и во Скопје и Маврово (-1). Во останатите градови температурите се движат околу нулата или благо над неа, при што најтопло е во Гевгелија со 7 степени.