Јамал е најскапиот фудбалер на планетата Александра Спасеска 08.01.2026 / 10:03 Фудбал Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, вреди 343 милиони евра и е најскапиот фудбалер во светот, пред Ерлинг Холанд и Килјан Мбапе, објави Меѓународниот центар за спортски студии (CIES). Швајцарскиот завод за статистика има своја методологија за одредување цени. Јамал, 18-годишниот европски шампион со Шпанија, е на чело на листата пред напаѓачот на Сити, Ерлинг Холанд, вреден 255 милиони евра, и асот на Реал, Килјан Мбапе, вреден 201 милион евра. Листа на најскапи фудбалери според CIES: 1. Ламин Јамал (Барселона) – 343 милиони евра 2. Ерлинг Холанд (Манчестер Сити) – 255 милиони 3. Килјан Мбапе (Реал Мадрид) – 201 милион 4. Џуд Белингам (Реал Мадрид) – 153 милиони 5. Микаел Олисе (Баерн) – 137 милиони 6. Флоријан Вирц (Ливерпул) – 136 милиони 7. Дезире Деу (ПСЖ) – 135 милиони 8. Жоао Невеш (ПСЖ) – 131 милион 9. Арда Гулер (Реал Мадрид) – 130,3 милиони 10. Педри Гонзалес (Барселона) – 130 милиони Ламин Јамал Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On