Германија одбива да испрати војници во Украина од страв од Трета светска војна Филип Здравески 08.01.2026 / 19:05 Свет Додека Обединетото Кралство и Франција најавија можност за испраќање копнени сили во Украина во рамки на потенцијална мировна мисија, Германија зазема значително повнимателен став. Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Бундесверот би бил распореден исклучиво на територијата на НАТО земјите што граничат со Украина, со цел поддршка на евентуално примирје, пренесува The Telegraph. Мерц појасни дека Германија ќе учествува во надзор на прекинот на огнот и во зајакнување на Украина, но без германски војници да стапнат на украинска територија. Иако под негово водство Германија започна со зајакнување на армијата и најави изградба на најсилната конвенционална војска во Европа, ваквиот став покажува воздржаност. Причините, според анализата, се поврзани со германската внатрешна политика и уставните ограничувања по Втората светска војна. Секое испраќање војници во странство мора да биде одобрено од Бундестагот, а Мерц има тесно парламентарно мнозинство, што ваква одлука ја прави политички ризична. Дополнителен фактор е и силниот отпор што би доаѓал од повеќе партии, вклучително и Социјалдемократите, кои традиционално се попретпазливи кога станува збор за воени ангажмани и провоцирање на Русија. Присутно е и историското бреме од можноста германски војници повторно да се најдат во конфликт со Русија. Германија војна Украина Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off