Хетерофлексибилноста е најбрзо растечката сексуална ориентација Филип Здравески 08.01.2026 / 19:32 Љубов и секс Според годишниот извештај на апликацијата за запознавање Feeld, хетерофлексибилноста е најбрзо растечката сексуална ориентација, а еден европски град има најголем број хетерофлексибилни луѓе. Дали знаете што значи тоа? За разлика од бисексуалноста, што подразбира еднаква привлечност кон мажите и жените, хетерофлексибилните луѓе се претежно хетеросексуални, но повремено се вклучуваат во сексуални односи со луѓе од ист пол. Терминот опишува еден од сè повидливите сегменти на модерниот сексуален спектар. Апликацијата за запознавање Feeld го објави својот годишен извештај во кој ги анализира навиките и преференциите што ја обликуваат модерната интимност. Резултатите покажуваат дека хетерофлексибилноста е најбрзо растечката сексуална ориентација, при што бројот на практичари се зголемил за 193% во текот на изминатата година. Се проценува дека дури 15% од населението на Соединетите Американски Држави, што е помеѓу 50 и 55 милиони луѓе, сега се идентификуваат како хетерофлексибилни. Објаснувајќи ги резултатите, Дина Мохамад-Лејти од Feeld вели дека има силен пораст кај луѓето што истражуваат поврзување на автентични, флуидни начини. Според генерациските податоци во извештајот, две третини од хетерофлексибилните луѓе се миленијалци родени помеѓу почетокот на 80-тите и 1996 година, 18% припаѓаат на генерацијата Z родени помеѓу 1997 и 2012 година, додека 15,5% од хетерофлексибилните луѓе се класифицирани како генерација X, што ги вклучува луѓето родени помеѓу 1965 и 1980 година. Студијата, исто така, забележа географски трендови: Берлин беше прогласен за град со најголем процент на хетерофлексибилни луѓе во светот, додека Њујорк забележа најбрз раст на бисексуалната популација, со зголемување од 161%. Сексуалните експерти истакнуваат дека концептот на хетерофлексибилност е субјективен и, како што велат, многу флексибилен. Во оваа категорија спаѓаат луѓе кои се сметаат себеси за хетеросексуални, но уживале во врска со лице од ист пол, хетеросексуални луѓе кои повремено чувствувале привлечност кон ист пол, како и луѓе кои се заинтересирани за врски од ист пол. Хетерофлексибилноста може да вклучува и жена која е во врска со маж, но е отворена за врска со друга жена. Во исто време, некои критичари ги обвинуваат хетерофлексибилните луѓе дека навлегуваат во просторот на бисексуалноста и пансексуалноста, со што придонесуваат за нивно замаглување на границите меѓу сексуалните идентитети. хетерофлексибилност сексуална ориентација Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On