Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – ГП Ќафасан

Воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга - ГП Ќафасан, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Како што појаснуваат од АМСМ, забраната е воведена од 18.15 часот.