[ФОТО] Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на земјиштето кое го затрупа блиското село Биналив. Дванаесет лица се повредени и во несреќата, а властите започнаа масовна спасувачка операција, објави Скај њуз.