„РЕПЛЕК“ НАПРАВИ ПРОФИТ ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА ВО 2025 ГОДИНА

Со раст на профитабилноста, силни позиции на пазарите и континуиран раст на продажните резултати, „Реплек АД Скопје“ ја заврши 2025 година. Компанијата оствари видливо унапредување на профитабилноста генерирајќи профит од 5 милиони евра, односно раст за 39% во однос на 2024 година. Нето профитната маргина се зголеми од 11,5% на 15%, што ја потврдува способноста на компанијата да генерира одржлива вредност и повисока ефикасност...