Пожар во куќа во кривопаланечко, повредени три лица

Пожар избувнал вчера попладне во куќа на 52 годишниот А.П. во кривопаланечкото село Нерав. -Во пожарот со повреди се здобиле Д.П. (34), А.П.(52) и С.П.(89 ), кои биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје за укажување на помош, информираат од СВР Куманово. Екипа од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка го изгаснала пожарот. Увид ќе се врши во текот на денот.