[ВИДЕО/ФОТО] Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како големи и сѐ уште се активни. Над 19.000 домаќинства и објекти се без електрична енергија, јавуваат локалните власти.