Јанис му одржа лекција по одбрана на Леброн во последната минута

Јанис му одржа лекција по одбрана на Леброн во последната минута нба 2025/2026 Филип Здравески 10.01.2026 / 11:04 Кошарка Јанис Адетокунбо му одржа лекција по одбрана на Леброн Џејмс во последната минута од натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Милвоки Бакс, водејќи го својот тим до победа од 105:101. Одлучувачките моменти од натпреварот се случија во последната минута кога Адетокунбо прво го блокираше шутот на Џејмс на 39 секунди до крајот, при нерешен резултат 101:101, а потоа Кевин Портер погоди две слободни фрлања на 16,2 секунди до крајот, со што им донесе водство на Бакс. Лејкерс имаа уште еден последен напад, а на секунда и пол до крајот Адетокунбо му ја одзеде топката од рацете на Џејмс. Портер повторно направи фаул и ги погоди двете фрлања за петтата победа на Милвоки во последните седум натпревари и им го нанесе шестиот пораз на Лејкерс во последните десет натпревари. Remote video URL Адетокунбо мечот го заврши со 21 поен, што е негов најслаб офанзивен настап откако се врати од повредата на листот, додека Портер беше најдобар стрелец на Бакс со 22 поена. Дабл-дабл запиша Боби Портис со 12 поени и 11 скокови. Лука Дончиќ ги предводеше Лејкерс со 24 поени и по 9 скокови и асистенции, но шутираше 8 од 25 од поле, додека Леброн имаше 26 поени, 9 скокови и 10 асистенции. Remote video URL Резултати: Бостон Селтикс - Торонто Репторс 125:117 Орландо Меџик - Филаделфија 76ерс 91:103 Вашингтон Визардс - Њу Орлеанс Пеликанс 107:128 Бруклин Нетс - Лос Анџелес Клиперс 105:121 Мемфис Гризлис - Оклахома Сити Тандер 116:117 Финикс Санс - Њујорк Никс 112:107 Денвер Нагетс - Атланта Хокс 87:110 Голден Стејт Вориорс - Сакраменто Кингс 137:103 Портланд Треил Блејзерс - Хјустон Рокитс 111:105 Лос Анџелес Лејкерс - Милвоки Бакс 101:105 Табела: Јанис Адетокунбо НБА Леброн Џејмс Милвоки Бакс Лос Анџелес Лејкерс Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On