УХМР: Најголема опасност од излевања и заезерувања има во југозападните и западните делови на земјата

Од утринава зголемување на водостоите има во југозападниот дел на земјата, односно на река Коселска, река Сатеска, река Ресенска и на останатите помали реки и суводолици во регионот каде се можни локални излевања на реките и појави на заезерување на водата.