Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на терен изврши увид во работните активности на Македонија Пат со цел справување со снежните наноси кои се очекуваат периодов. Николоски ги посети пунктовите на Македонија Пат на превојот Стража и Пресека. Согласно информациите од терен, патиштата низ земјава се проодни, а снегот редовно се чисти од надлежните служби Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на П. Шапка-Тетово-Маврово-Стража-Пресека-Буково и Крушево, кој во мометов не се задржува на коловозот. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.