Возач на автобус нападнал патник по претходна расправија

На 09.01.2026 околу 08:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Бањани, скопско, М.В.(79) од с.Бањани, бил физички нападнат од Г.Г., возач на автобус бр.61, во кој М.В. претходно се превезувал, но откако се симнал од автобусот настанала расправија, по што бил нападнат од Г.Г. и при тоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје, информира МВР. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.