Спектакл во Милано: Интер и Наполи во директен судир за врвот во Серија А

Спектакл во Милано: Интер и Наполи во директен судир за врвот во Серија А серија а 2025/2026 Филип Здравески 11.01.2026 / 12:17 Фудбал Дербито на колото и еден од клучните натпревари сезонава во Серија А ќе се игра вечерва на стадионот „Џузепе Меаца“, каде што ќе се соочат големите ривали и претенденти за титулата, Интер и Наполи. Иако актуелните шампиони од Неапол победија во првиот меч од сезоната, одигран на стадионот „Диего Армандо Марадона“, Интер во овој дуел влегува со 4 бодови предност на врвот на табелата. Формата и моментумот се на страната на Интер. Тимот на Кристијан Киву е во одлична форма, по поразот во градското дерби од Милан ја остварија шестата последователна победа во првенството и покажаа карактер во борбата за Скудетото. Иако неодамна се сопнаа во Лигата на шампионите и во Суперкупот на Италија, „Нераѕурите“ изгледаат речиси беспрекорни во домашното првенство. Тимот на романскиот стратег ја отвори годината со победа над Болоња, пред да ја победи Парма во средата. Маркус Турам и Федерико Димарко беа стрелци на головите. Интер моментално го има убедливо најефикасниот напад во лигата, со 11 голови повеќе од второпласираниот Милан. Со 14 победи и 4 порази, го држи првото место, три бодови пред градскиот ривал и 4 пред Наполи. На „Меаца“ се особено убедливи со 7 победи во 9 лигашки натпревари, со најмалку два постигнати гола во секој триумф. Chivu: "Napoli will be a difficult, crucial test: focus and balance will be key" ️ Read more https://t.co/zajVOOWq9f pic.twitter.com/2S2ut9YtFa — Inter ⭐⭐ (@Inter_en) January 10, 2026 Сепак, навивачите на Наполи се во право кога истакнуваат дека нивниот тим не загубил од Интер во последните четири меѓусебни натпревари, вклучувајќи ја и победата во Милано минатата сезона, што беше клучна за освојување на титулата. Тимот на Антонио Конте славеше и во првиот меч од оваа сезона, кога во октомври го победија Интер со 3:1, а поранешниот тренер на „Нераѕурите“ сигурно сака повторување на тоа сценарио. Наполи загуби бодови против Верона во средината на неделата, иако головите во второто полувреме на Скот МекТоминеј и Џовани Ди Лорнецо спасија реми и ја продолжија серијата без пораз на домашен терен. Тој неуспех се случи по четири последователни победи без примен гол што ги одржа на врвот. Сега, заостанувајќи зад двата клуба од Милано, а Јувентус и Рома му душат во врат, Наполи мора да спречи понатамошно зголемување на бодовната разлика. Il sipario è aperto, è il giorno di #InterNapoli pic.twitter.com/TCSRJJcI4U — Lega Serie A (@SerieA) January 11, 2026 Интер влегува во овој дуел речиси комплетен. Единственото сигурно отсуство е Дензел Думфрис, додека Давиде Фратези е под знак прашалник. Маркус Турам, Алесандро Бастони и Николо Барела, кои одмораа против Парма, се враќаат во почетниот состав, а Желињски би можел да игра од првата минута против својот поранешен клуб. Турам ќе формира тандем во нападот со капитенот Лаутаро Мартинес, кој има 4 голови против Наполи во Серија А, но ниту еден во последните 8 меѓусебни средби. Наполи, од друга страна, има сериозни проблеми во средниот ред. Кевин Де Брујне, Франк Ангиса и Били Гилмур не се на располагање, како и поранешниот напаѓач на Интер, Ромелу Лукаку. Сепак, најдобриот стрелец Расмус Хојлунд ќе го предводи нападот на гостите, додека Скот МекТоминеј е особено инспириран против Интер, постигнувајќи два гола во последните три натпревари. Давид Нерес е неизвесен, но Конте има решение и за таа ситуација. Il Napoli è arrivato a Milano pic.twitter.com/iE6Qw2rp2l — Guido Olivares (@Guidolino8) January 10, 2026 Се очекува нашиот Елиф Елмас да игра од првата минута. Во последните 90 натпревари во сите натпреварувања македонскиот репрезентативец секогаш почнуваше од почеток. Од нив 5 беа во Серија А, 2 во Суперкупот и по 1 во Копа Италија и Лигата на шампионите. Последен пат почна од клупата на 30 ноември на гостувањето кај Рома. Натпреварот се игра во 20:45 часот, а директен пренос ќе има на Arena Premium 2. Температурата вечерва во Милано се очекува да се движи од 3°C до 1°C. Правдата ќе ја дели Даниеле Довери, ќе му помагаат Стефано Аласио и Валерио Колароси, а четврти судија ќе биде Андреа Коломбо. Во ВАР собата ќе бидат Марко Ди Бело како главен и Алеандро Ди Паоло како помошник. Официјалната меч програма можете да ја преземете на следниве линкови: италијанска верзија ( тука ) / англиска верзија ( тука ). Серија А Интер Наполи Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On