Шредер суспендиран, сакал физички да се пресмета со Дончиќ

Шредер суспендиран, сакал физички да се пресмета со Дончиќ нба 2025/2026 Филип Здравески 11.01.2026 / 13:18 Кошарка НБА го суспендираше кошаркарот на Сакраменто Кингс, Денис Шредер, на 3 натпревари, поради обид да го удри Лука Дончиќ по поразот од Лос Анџелес Лејкерс. Настанот се случил на 28 декември, по натпреварот што Лејкерс го добија како домаќини со 125:101. Дончиќ и Шредер имале неколку вербални конфликти во текот на натпреварот. За време на еден тајмаут, Дончиќ го провоцирал Шредер, велејќи му „требаше да го потпишеш тој договор“, алудирајќи на четиригодишното продолжување од 82 милиони долари што Шредер го одби од Лејкерс пред неколку години, а потоа мораше да се задоволи со многу помалку профитабилен договор. Страстите се чинеше дека се смирија по завршувањето на натпреварот. Сепак, германскиот репрезентативец кога ја напуштил соблекувалната го забележал Дончиќ и се стрчал кон него пред соблекувалната на Лејкерс. Четириесет минути по последниот звук на сирената, Шредер се упатил кон Дончиќ, велејќи му дека не може да го нарече навредлив на теренот, а потоа надвор од теренот да се однесува како сè да е во ред. НБА заклучи дека се обидел да го удри Дончиќ. Центарот на Лејкерс, Деандре Ајтон, се обидел да го повлече Шредер настрана, додека исплашениот Дончиќ веднаш се оддалечил, а морало да интервенира и обезбедувањето. Шредер на крајот беше испратен до тимскиот автобус додека тренерот на Кингс, Даг Кристи, и неколку соиграчи се обидувале да разберат што всушност се случило. Лејкерс и Кингс ќе се сретнат повторно во понеделник во Сакраменто, а Шредер ќе го пропушти и тој натпревар поради суспензијата. НБА Лука Дончиќ Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off