Сар: Израел ја поддржува борбата на иранскиот народ за слобода

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар денес изјави дека Израел ја поддржува борбата на иранскиот народ за слобода и им посакува успех во таа борба. Сар во видео објавено на платформата X рече дека народот на Иран заслужува подобра иднина. „Не чувствуваме никакво непријателство кон иранскиот народ“, нагласи Сар. Текстот Сар: Израел ја поддржува борбата на иранскиот народ за слобода е превземен од А1он .