Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека денешниот изборен ден од повторените локални избори помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. Тој посочи дека граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право на глас. -Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност. Овие избори покажаа дека инстируциите функционираат и дека демократсите процеси се зацврстуваат, истакна Мицкоски. Мицкоски прогласи победа за ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и кандидатот на партијата, Онер Јакуповски кој е избран за нов градоначалник. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека јасна е целокупната политичка слика во Македонија. -Со денешниот ден се заокружува резултатот од локалните избори во целина. ВМРО-ДПМНЕ победи во вкупно 56 општини, СДСМ во шест. Тоа е јасен политички суд на граѓаните. Ова претставува уште еден тежок дебакл за СДСМ и нејзиното актуелно раководство, посочи Мицкоски. Тој нагласи дека изборните резултати се потврда дека изигрната доверба има последици.