ВИДЕО: Паметни нокти, ја менуваат бојата преку апликација

Компанија со седиште во Флорида претстави паметни нокти со можност за менување на бојата на CES во Лас Вегас, кои можат да променат над 400 нијанси за само пет секунди. -Кога ќе се разбудите наутро и ќе имате беж облека за работа, променете ја бојата на ноктите во беж. Навечер, излегувате на состанок, облекувате црвен фустан, ја менувате бојата на ноктите во црвена. Можете да го правите тоа илјадници пати одново и одново, кога сакате, изјави за Ројтерс Ленс Лител, виш потпретседател за развој на бизнисот во iPolish. Лител вели дека паметните нокти iPolish, напојувани од електрофоретски нанополимери и контролирани од апликација на вашиот телефон, всушност се е-мастило за вашите врвови на прстите.