Вознемирувачки снимки од Иран: Се гледаат стотици вреќи со тела на убиени Филип Здравески 12.01.2026 / 08:26 Свет Серијата видеа објавени од Vahid Online , ирански блогер и интернет активист познат по документирањето на протестите, прикажуваат голем број вреќи со тела во форензичкиот центар Кахризак, јужно од Техеран, по насилното задушување на протестите. Видеата, според изворите, покажуваат како телата се транспортираат во мртовечница со пикап камиони. На едно од видеата се појавува ознака на екранот на која пишува „број на фотографија… од 250“, што укажува на обемот на бројот на жртви, иако автентичноста и целосниот контекст на видеата сè уште не можат независно да се потврдат. Двајца сведоци кои го посетиле Кахризак во потрага по исчезнати членови на семејството изјавиле за Iran International дека таму виделе повеќе од 400 тела. Нивните сведоштва доаѓаат во време кога Иран е речиси целосно отсечен од интернет и други комуникациски канали, што го отежнува независното потврдување на информациите. Поради експлицитните сцени прикажанаи на видеата, видеото од Iran International можете да го погледнете тука , а на блогерот Vahid Online тука . Ве предупредуваме дека снимките не се пријатни за гледање! Иран Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On