Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината Филип Здравески 12.01.2026 / 08:34 Македонија Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 1 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9 Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. #Earthquake ( #земјотрес , #σεισμός ) M3.2 occurred 30 km W of #Gevgelija (Republic of North Macedonia) 13 min ago (local time 02:14:39). More info at: https://t.co/QMSpuj6Z2H https://t.co/5T4wqmsEF8 https://t.co/E57s2KoVmM pic.twitter.com/GcFqOZzyAU — EMSC (@LastQuake) January 12, 2026 земјотрес Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off