Најстудено на Попова Шапка со измерени -16 степени

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -16 степени, во Mаврови Анови се измерени -14, во Крушево -13, Крива Паланка -11, во Берово - 10, Битола, Прилеп и Охрид -9, во Тетово и Струмица -8, во Скопје-Петровец -7, Демир Капија -6, Куманово, Кавадарци и во Велес -5 и во Гевгелија -1 степен, соопшти УХМР. На Попова Шапка има и 26 сантиметри снежна покривка, а во Крушево 15. Времето денеска ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3 степени. Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен, а претпладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.