Седници на седум собраниски комисии

Во Собранието денеска се закажани седници на комисиите за социјална политика, демографија и млади, за економски прашања, труд и енергетска политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, за финансирање и буџет, за прашања на изборите и именувањата како и Законодавно-правна комисија. Комисијата за социјална политика, демографија и млади треба да расправа за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжително социјално осигурување и на Законот за системот за проценка на лица со попреченост, во прво читање, а Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика за Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за вонсудско спогодување, прво читање. На дневен ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, во прво читање, додека Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ќе расправа за Извештај на Државната изборна комисија за преземените работи согласно член 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остаток на мандат за пратеник во Собранието на Република Македонија. Пред Комисијата за финансирање и буџет е Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на фискултурни сали, во прво читање. Најавена е и седница и на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. На дневен ред е утврдување листа на пријавени кандидати по Одлуката за огласување избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија, разгледување барањa за остварување право на плата по престанок на функцијата член на Судскиот совет на Република Македонија и член на Советот на експерти на Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Предлог на Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик - Прво читање Законодавно-правната комисија, пак, треба да ги разгледа Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за вонсудско спогодување, предлог законите за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжително социјално осигурување и на Законот за системот за проценка на лица со попреченост, како и Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на фискултурни сали, сите во прво читање.