ВИДЕО: Приказна за каминот

Пред девет години, анонимен автор на Јутјуб објави видео со наслов „Камин- 10 часа“ (Fireplace 10 hours). Станува збор за десет часа непрекината снимка од пламен во камин, проследена со звукот на пукање на дрвата, без нарација или музика. Овој видеозапис и денес останува единствената содржина на тој канал, но сепак, токму тој донел заработка од меѓу 1 и 1,2 милиони долари од реклами во период од речиси една деценија. Каналот во моментов има повеќе од 111.000 претплатници и над 150 милиони прегледи, иако авторот никогаш не објавил друга видео содржина, ниту јавно се појавил или се огласил. Приказната неодамна повторно стана популарна откако корисник на социјалната мрежа Икс, ги сподели овие податоци со коментар дека авторот на снимката е „финансиски обезбеден за цел живот“. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=L_LUpnjgPso[/embed] Многу корисници беа изненадени од информацијата дека само една снимка може да донесе толкава заработка. Но сепак коментари од типот: ваков тип содржина не може да се монетизира, до уверувања дека за вклучување во монетизација е неопходно да се имаат повеќе видеа. Сепак, правилата на Јутјуб дозволуваат креаторите да заработуваат од реклами прикажани преку видеата, како и од претплати на корисниците на нивните канали, под услов да бидат дел од „Јутјуб партнер програмата“. (YouTube Partner Program). Од интернет каналот наведуваат дека рекламите се најчестиот начин на заработка, при што приходот се дели меѓу платформата и креаторите. Монетизацијата се смета за привилегија и е достапна само за креатори кои исполнуваат одредени критериуми. Ова видео денес често се наведува како пример дека понекогаш и наједноставните идеи на Јутјуб можат да донесат огромен успех, дури и без редовно објавување содржина, лична промоција или јавно појавување на авторот.