Поранешниот полски министер Жобро соопшти дека добил азил во Унгарија

Поранешниот министер за правда на Полска, Збигњев Жобро, денеска соопшти дека унгарската Влада му одобрила азил. „Одлучив да го искористам од азилот што ми го понуди унгарската влада поради политичките репресии во Полска“, напиша Жобро на својот профил на социјалната мрежа „Икс“. Полското обвинителство во ноември нареди негово апсење, откако против него беа покренати обвиненија за учество во криминална група и за злоупотреби. Жобро е поврзуван со контроверзните судски реформи во Полска, кои во периодот 2015–2023 година предизвикаа сериозни несогласувања меѓу Брисел и Варшава. Поранешниот министер е прогласен за виновен по 26 обвиненија, за кои, доколку бидат потврдени, може да се соочи со затворска казна до 26 години.