Бензините со нови цени од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03% во однос на одлуката од 5.1.2026 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,668 ден/кг и сега ќе изнесува 32,133 ден/кг. Од 13.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 70,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 72,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 32,133 (денари/килограм)