Нов пораз на СДС затскриен со уште понови дефокус лажни вести на Јон

Членот на ИО на СДС познат по шмркање на кокаин по партиски бироа (за што самиот гордо признава) денеска изнесе нова небулоза со најнова петарда која на Бихаќка така инфантилно ја викаат „бомба“. Корупцискиот тим на СДС, на кој АНТИ не му стои поради силниот криминал на врхушката на партијата, денеска направи прес-конференција на која од ракав истресе нови, непроверени податоци за наводна фирма која добивала тендери по општините. Еве што срочи Јон, напишано веројатно до Љубомир. Двајцата Фрчковски. „Едни исти омилени фирми блиски до ВМРО добиваат милионски тендери за многу краток период, кои не можат да се добројат. Само од општина Аердором оваа омилена фрима има добиено 22 тендри. Од Гази Баба 10, но и од Ѓорче Петров, Прилеп, Битола, Гевгелија...секаде каде градоначалниците се од ВМРО. Низа на тендери финансирани со средства од унгарскиот кредит исто така завршиле кај оваа фирма.“ Ај, што им фали Е во ТЕНДРИ. Проблемот е што ВМРО-ДПМНЕ има 56 општини, а СДС 6. Само една е поголемка, а другите сите се малечки. Крива Паланка им е „најголема“. И да сакала, дотичната фирма не можела да „фати“ тендери во општини на СДС, премалку се, башка премалечки. Не кажа, каде леткаше Филипче за новогодишните празници. Фрле Јуниор не призна на кое монденско место Венко ја дочека истата. Ниту дали ќе одговара ли за криминалот со Модуларната, за јагленот на Вице, за бонбона бизнисот со вакцините, има ли хациенда на Нерези или не, каде е продаден џипот од 130.000 евра, кога, побогу, ќе признаат дека Заев пак ја утна со Венко како со Таче претходно... Очекувано е и оваа „срцепарателна“ петарда на Јон да заврши со нов демант на фирмата и засегнатите наклеветени субјекти во кооперацискиот муабет на шпекулантската партија, која по нов изборен пораз на повторените локални иозбори, не случајно излезе со клевети за измислен криминал по општини. Да не беше така, ќе се пофалеше со нова победа. Но не можеш да се пофалиш со нешто што го немаш. А кој губи, има право да се лути. Но, не и да лаже, нели? Нов мизерен обид за дефокус од калта во која се подлабоко тоне партијата од Дубаи. Не кажа и дали се уште конзумира од направијата, ниту кога лидерот му ќе се појави за да каже каде и со кого беше за Нова Година...