Од полноќ поскапува бензинот Филип Здравески 12.01.2026 / 13:03 Македонија Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03% во однос на одлуката од 5 јануари. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,332%, кај дизелот има намалување за 0,317%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,391% и кај мазутот има намалување за 4,067%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7158%. Од 13 јануари од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин Еуросупер БС-95 – 70,50 ден/л моторен бензин Еуросупер БС-98 – 72,50 ден/л дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 64,50 ден/л масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 64,50 ден/л мазут М-1 НС – 32,133 ден/кг Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари/литар. Малопродажната цена на Еуродизелот (Д-Е V) не се менува. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,668 денари/килограм и сега ќе изнесува 32,133 денари/килограм. цена на горива Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On