Жена жртва на изнуда од партнерот: „Дај ми пари или ќе објавам експлицитни фотографии“

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ч.Б.(35) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Во текот на 2025 година, пријавениот изнудувал пари од неговата 44-годишна партнерка, со закани дека ќе објави нејзини фотографии со експлицитна содржина.