На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Текстот Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово е превземен од МАКФАКС .