Една женска тепачка и две пријави во полиција, еве ги деталите

Физичка пресметка меѓу две жени се случила вчера напладне во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, по што двете учеснички меѓусебно се пријавиле во полиција. Според информациите од СВР Скопје, инцидентот се случил околу 12:20 часот, кога 41-годишната С.К.П. пријавила дека била физички нападната од 56-годишната М.Д. Додека траел инцидентот, со М.Д. имало и машко лице кое, како што е пријавено, ја снимало ситуацијата со мобилен телефон. Подоцна, и 56-годишната М.Д. поднела пријава, во која навела дека таа била физички нападната од С.К.П. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности околу инцидентот.