Министерот за европски прашања Беким Сали оствари средба со Михалис Рокас на Европската Унија, на која ја истакна јасната и недвосмислена посветеност на Владата кон процесот на европска интеграција. Министерот нагласи дека ЕУ интеграцијата и реформите поврзани со европската агенда се врвен приоритет и дека фокусот ќе биде ставен на испорака на конкретни резултати, зајакнување на институционалните капацитети и градење доверба кај граѓаните во процесот на пристапување кон Унијата. Во разговорите беше потенцирана важноста од континуирана соработка со институциите на ЕУ и одржување на позитивниот моментум на проширувањето, како и потребата од ефикасна имплементација на реформите.