Маж на возраст од 39 години од Богданци е лишен од слобода поради сомнение дека со остар предмет ја усмртил својата мајка, информираат од Министерството за внатрешни работи. Како што соопштија од МВР, на 12 јануари 2026 година полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го уапсиле П.С. од Богданци. Според првичните информации, претходниот ден околу 21:00 часот, во станот каде што престојувале, дошло до вербална расправија помеѓу П.С. и неговата мајка М.С. (58), која ескалирала во физичка пресметка. Во текот на инцидентот, осомничениот ѝ нанел повеќе убодни рани со остар предмет во пределот на главата, од кои жената починала. Смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош од Гевгелија. Од МВР дополнуваат дека денеска во 07:05 часот П.С. сам се пријавил во Полициската канцеларија во Богданци и го признал делото. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија. По наредба на обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција. Против осомничениот во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „убиство“.