Лоши вести за Јокиќ

Лоши вести за Јокиќ Александра Спасеска 12.01.2026 / 17:19 Кошарка Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ќе мора да почека за да се врати на теренот. Јокиќ го повреди коленото, поради што ги пропушти претходните седум натпревари во НБА. НБА инсајдерот Марк Стејн откри дека почетокот на февруари е најраниот потенцијален рок за враќање на трикратниот МВП. „Почетокот на февруари се повеќе изгледа како најраниот рок кога Никола Јокиќ и Кам Џонсон, двајцата по неодамнешните повреди на коленото, реално би можеле да се вратат во поставата на Нагетс“, објави Стејн. Јокиќ, кој го повреди коленото кон крајот на декември, доби најмалку четири недели за закрепнување. Сè повеќе е сигурно дека Нагетс нема да преземат никакви ризици и дека ќе му дадат на Јокиќ повеќе време, т.е. колку и да е потребно за закрепнување. Јокиќ пропушти вкупно осум натпревари оваа сезона, а доколку не се врати на теренот во јануари, ќе пропушти уште 11. Во регуларниот дел од сезоната има 82 натпревари, а за некој да биде во конкуренција за наградата за најкорисен играч (MVP), мора да одигра најмалку 65. Затоа, се чини дека Јокиќ, и покрај неговите феноменални бројки, нема да може да ја освои престижната награда оваа сезона. Никола Јокиќ НБА Денвер Нагетс Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On