Симеоне јавно им се извини на Винисиус и Перес Александра Спасеска 12.01.2026 / 19:23 Фудбал Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, јавно им се извини на Винисиус Жуниор и на Флорентино Перес, ѕвездата и претседателот на Реал Мадрид. Симеоне јавно им се извини на Винисиус и Перес за неговото однесување за време на полуфиналниот натпревар од шпанскиот Суперкуп. Да потсетиме дека во првото полувреме, Симеоне, вознемирен од симулираниот фаул на Винисиус, се приближи до аут-линијата и, според толкувањето на коментаторите на Movistar, извикал: „Флорентино ќе те избрка, запомни што ти велам!“, а потоа во 81-та минута, кога напаѓачот на Реал Мадрид ја напушташе играта, избувна уште еден вербален конфликт помеѓу Бразилецот и Аргентинецот. Винисиус фрли нешто кон Симеоне, а тренерот на Јорганџиите одговори покажувајќи кон трибините и кажувајќи му да ги слуша свирежите што му ги упатуваат навивачите на Реал. „Би сакал да им се извинам на г-дин Флорентино и г-дин Винисиус за она што се случи. Очигледно не беше во ред од мене да се доведам во таква ситуација и прифаќам дека погрешив“, рече аргентинскиот тренер на прес-конференцијата по утринскиот тренинг. Симеоне додаде и дека Барселона заслужува да го освои Суперкупот. „Барселона е тим со одлични играчи, одличен тренер со многу јасни идеи и тим кој следи јасно дефинирана филозофија на игра. Резултатите и трофеите што ги освојуваат го потврдуваат тоа“, рече Симеоне. Диего Симеоне Винисиус Жуниор Флорентино Перес Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On