Медведев го буцка Трамп: Гренланд може да се припои кон Русија ако Трамп не реагира брзо Филип Здравески 13.01.2026 / 08:18 Свет Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека жителите на Гренланд би можеле да гласаат за припојување кон Русија доколку американскиот претседател Доналд Трамп не реагира брзо, пренесе Reuters. Според Интерфакс, Медведев изјавил дека, според непроверени информации, за неколку дена би можел да се одржи ненадеен референдум на кој 55.000 жители на Гренланд би гласале за припојување кон Русија. „Трамп треба да побрза. Потоа ќе биде готово. Нема да има повеќе ѕвезди на (американското) знаме“, рекол Медведев, алудирајќи на тоа што секоја ѕвезда на американското знаме претставува една сојузна држава. Во меѓувреме, Трамп повторно ја активираше иницијативата САД да преземат контрола врз Гренланд, автономна територија на Данска, наведувајќи дека островот е клучен за американската национална безбедност – потег што наиде на остро противење од Данска и властите на Гренланд. Иако Русија формално не го бара Гренланд, таа внимателно ја следи неговата стратешка улога во Арктикот, особено поради северноатлантските рути. Дмитриј Медведев Доналд Трамп Гренланд Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро On