Кина ја предупредува Европа да не ги поминува црвените линии Филип Здравески 13.01.2026 / 08:30 Свет Кина врши притисок врз европските земји да им забранат влез на тајвански политичари, предупредувајќи ги да не ги преминуваат „кинеските црвени линии“, пишува The Guardian. Според повеќе дипломати, Пекинг испратил демарши до европските амбасади и влади, делумно како реакција на неодамнешните посети на тајвански функционери во Европа, вклучувајќи актуелни и поранешни високи претставници. Кинеските власти се повикале на европските гранични и визни прописи, тврдејќи дека дозволувањето влез на тајвански политичари може да ги наруши односите со Кина. Во вербални ноти, Кина побарала европските земји да не ги признаваат т.н. дипломатски пасоши издадени од Тајван и да спречат официјални контакти со тајвански претставници, наведувајќи дека ваквите посети сериозно ги поткопуваат односите меѓу Европската Унија и Кина. Одделни европски земји, меѓу кои Норвешка, Финска и Обединетото Кралство, соопштија дека визите и влезот се регулираат исклучиво според нивните национални и шенгенски правила. Од друга страна, Тајван оцени дека посетите на негови функционери не се поврзани со Кина и дека Пекинг нема право да се меша, обвинувајќи ја Кина за притисоци и закани што ја загрозуваат регионалната стабилност. Кина Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On