Француските земјоделци со 350 трактори поминаа низ улиците на Париз и пристигнаа пред Парламентот, протестирајќи поради ниските приходи и трговскиот договор на Европска Унија со Јужна Америка, кој, според нив, ќе ја загрози нивната егзистенција. Синдикатите на земјоделците бараат „конкретни и итни мерки“ за заштита на прехранбената безбедност на Франција. Портпаролката Мод Брежон изјави дека Владата набрзо ќе изнесе новите мерки за помош на земјоделците. Претседателот Емануел Макрон и неговата Влада се против трговскиот договор ЕУ – Меркосур, што треба да биде потпишан на 17 јануари во Парагвај. Договорот поддржан од поголемиот број земји-членки на ЕУ. Европските земјоделци подолго време го критикуваат договорот со Бразил, Аргентина, Боливија, Парагвај и Уругвај, тврдејќи оти со тоа ќе се преплави пазарот со евтини увозни производи.