Пирови 42 поена на Дончиќ, Лејкерс заринкаа кај слабите Кингс НБА 2025/2026 Филип Здравески 13.01.2026 / 11:40 Кошарка Сакраменто Кингс ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 124:112 во „Голден 1 Сентр“, продлабочувајќи ја кризата во која се наоѓаат гостите, кои веќе имаа изгубено три натпревари по ред. Кингс го отворија натпреварот подобро и имаа водство од четири поени по првата четвртина, а водството го одржуваа до полувремето (61:54). Натпреварот беше решен во третата четвртина кога домаќините се стекнаа со двоцифрена предност, која мирно ја одржуваа и го приведоа натпреварот кон крај без поголеми драма. Најдобар во редовите на Кингс беше Демар ДеРозан со 32 поена, додека Малик Монк додаде 26 поени. Лука Дончиќ беше единствениот расположен за Лејкерс со 42 постигнати поени. Remote video URL Лејкерс се на петтото место во Западната конференција со 23 победи и 14 порази, додека Кингс се на претпоследната позиција на Западот со скор 10-30. Во следниот натпревар, Лејкерс утре ќе ги пречекаат Атланта Хокс, а Сакраменто ќе биде домаќин на Њујорк Никс в четврток. Резултати: Кливленд Кавалирс – Јута Џез 112:123 Индијана Пејсерс – Бостон Селтикс 98:96 Торонто Репторс – Филаделфија 76ерс 102:115 Далас Маверикс – Бруклин Нетс 113:105 Лос Анџелес Клиперс – Шарлот Хорнетс 117:109 Табела: Лука Дончиќ Лос Анџелес Лејкерс Сакраменто Кингс Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On