Во Република Српска масовно се величаат воени злосторници: Додик ги пофали Младиќ и Караџиќ

Во Република Српска масовно се величаат воени злосторници: Додик ги пофали Младиќ и Караџиќ Александра Спасеска 13.01.2026 / 15:38 Регион Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина денеска го осуди величањето на осудените воени злосторници за време на минатонеделното одбележување на 9 јануари како Ден на Република Српска, повикувајќи го судството да реагира и да ги санкционира оние што го прават тоа. ОБСЕ реагираше во време кога бројни невладини организации и политички партии во БиХ предупредуваат дека државните судски органи, а пред сè Обвинителството на БиХ, воопшто не реагираат на сè пораспространетите говори во кои се величаат осудените воени злосторници, иако ова е кривично дело во БиХ од 2021 година. Проблемот со извршувањето на казните На самиот крај од својот мандат, високиот претставник за Босна и Херцеговина, Валентин Инцко, воведе измени во кривичниот законик, според кои секое величање на лица законски осудени за воени злосторства стана кривично дело казниво со затвор од шест месеци до пет години. Предвидени се казни за лица кои го негираат извршувањето на геноцид или се обидуваат да го оправдаат ова злосторство, како и злосторства против човештвото. Затворски казни се пропишани и за сите оние кои јавно објавуваат летоци, слики и други материјали што ги величаат сторителите на воени злосторства или на кој било начин им оддаваат признание, вклучително и именување јавни згради, улици и плоштади по осудените. Обвинителството на БиХ ретко ги користи овие законски одредби и досега поднесе само едно обвинение, според кое Војин Павловиќ, лидер на маргинално националистичко здружение од Братунац во источна Босна, беше осуден на две и пол години затвор за величање на Ратко Младиќ, кој беше осуден на доживотен затвор за извршување воени злосторства. Додик ги велича Младиќ и Караџиќ Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, отворено ги величаше Младиќ и Радован Караџиќ во говорот што го одржа на свечена академија во Бања Лука на 8 јануари, а Обвинителството на БиХ досега не реагираше на ова. ОБСЕ истакнува дека ваквите постапки се длабоко навредливи за жртвите бидејќи го загрозуваат помирувањето и се спротивни на фундаменталните вредности на кои мора да се потпира секое демократско општество. „Мисијата изразува жалење за фактот што водечките политички актери и другите носители на лидерски позиции ја пропуштија можноста да спречат вакви дејствија, а до овој момент ниту се дистанцираа од овие настани, ниту соодветно реагираа на нив. Отсуството на решителна реакција на феномени од ваков вид носи ризик од создавање атмосфера на неказнивост и испраќа загрижувачка порака дека дејствијата од ваков вид можат да се толерираат“, се вели во соопштението. Затоа, тие го повикаа судството да ги применува процедурите пропишани со закон на ефикасен, темелен и итен начин, нагласувајќи дека ова треба да биде нивен приоритет. Република Српска Босна и Херцеговина Милорад Додик Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On