Магдалена Веселиноска, директорка на ЦСР Тетово: Во касата вратив 120 илјади евра пари на граѓаните, исплаќани незаконски

Се водат дисциплински и други постапки, а во исто време, јавно Веселиноска е обвинувана дека таа во 2021 година добила туѓа нега без да ѝ следува. Но, директорката во интервју за „ Слободен печат “ тврди дека ваквата хајка е инструирана токму од тие што таа ги пријавила во полиција и во Обвинителството, а туѓата нега ја добила зашто ѝ следува и откако ги исполнила условите. Деновиве медиумски сте изложена, со обвинувања дека сте примале надоместок за туѓа нега и дека сте зеле четири месеци „гратис“ исплати. Дали е точно дека исплатата на туѓата нега треба да почне од месецот на добивањето на позитивното мислење од лекарите, или е точно дека треба да почне од денот на поднесувањето на барањето? Со други зборови, какви се деталните околности за вашиот предмет и дали е точно дека истиот не може да се најде во списите на Центарот за социјални работи, односно дека е украден? Како е тоа возможно? Дали вашиот предмет за туѓата нега е ревидиран внатрешно или надворешно и каков е исходот? Дали има нешто законски спорно, во тоа социјален работник кој работи во ЦСР Тетово, како што сте биле вие во тој период, да добива надоместок за туѓа нега? Таквите наоди ЦСР Тетово ги враќа назад до Комисијата, да ги доуреди, а со тоа процедурата станува подолга. За мојот предмет, кога користев туѓа нега, тоа мое право го остварив комплетно законски. Тогаш работев како социјален работник во ЦСР Тетово. Решението го има потпишано овластен раководител. Кога би имало нешто спорно, тогаш раководителот не би ја одобрил одлуката. Конкретно, во нашиот внатрешен електронски софтвер за исплати СПИЛ, внесено е дека стручно лице постапувало за мојот предмет, а контролата и одобрувањето на одлуката ја извршил овластениот раководител во тој период А.Х. Директорка на ЦСР Тетово сум од септември 2024 година. Откако медиумски бев нападната дека сум примала туѓа нега, наводно незаконски, што ќе повторам е невистина – побарав стручните лица што во тој период постапувале за предметот да го најдат. Но, со оглед на тоа што не го пронајдоа предметот, ќе поднесам кривична пријава за злоупотреба на службената должност во СВР Тетово, за што сметам дека полициските службеници најодговорно и во најбрз можен рок ќе постапат по мојата пријава. Предметот за мојата „туѓа нега“ е во надлежност на вработени одговорни за тоа право. Во електронскиот систем за парични трансфери постои моето електронско досие како и на сите други лица, и од истиот софтвер може да се утврди како течела целата постапка. Овој предмет откако сум директорка не бил предмет на инспекциски надзор, а за претходно кога бев само социјален работник не можам да знам. Како и секој друг граѓанин, и јас доколку исполнувам услови, можам и ми следува да користам права од областа на социјалната и детската заштита. А во Центарот има овластено раководители и стручни лица за потпишување на овие правни акти. Целото интервју порочитајте го на „ Слободен печат “