Конте суспендиран и казнет со 15.000 евра Александра Спасеска 13.01.2026 / 17:40 Фудбал Италијанскиот фудбалски експерт Антонио Конте е казнет за црвениот картон што го доби на натпреварот помеѓу неговиот Наполи и Интер (2:2) одигран во неделата. Конте ја изгуби контролата во текот на второто полувреме кога на Интер му беше досуден пенал по ВАР анализата. Тренерот на Наполи шутна топка, за што доби црвен картон. Сепак, пред да го напушти теренот, фрли шише и луто му викаше во лицето на четвртиот судија. Овие инциденти го чинеа скапо, бидејќи беше суспендиран на два натпревари, а ќе мора да плати и казна од 15.000 евра. Така, Конте ќе може да го гледа натпреварот на својот тим против Наполи утре само од трибините, односно од свечената ложа на стадионот „Марадона“. Антонио Конте Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On