Калас: Историјата е полна со примери каде доаѓало до уривање на режими, но прашањето е што доаѓа потоа

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас изјави дека е неизвесно што би следело по евентуалниот пад на иранскиот режим. Одговарајќи на новинарско прашање Калас предупреди дека промената на власта не гарантира подобра иднина за земјата. - Историјата е полна со примери каде доаѓало до уривање на режими, но прашањето е што доаѓа потоа, рече таа. За моменталната ситуација во Иран, Калас изјави дека исходот не е јасен. - Во моментов не е јасно дали режимот ќе падне или не, јасно е дека протестите се масовни, наведе таа. - Исто така е јасно дека режимот брутално потиснува и убива луѓе за навистина да поттикне страв во општеството, додаде Калас.