Најдобрата македонска тенисерка во борба за финале на квалификациите на Австралија опен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа утре (среда) во утринските часови по македонско време ја очекува нов меч од квалификациите за Австралија опен. Во втората рунда македонската тенисерка за ривалка ја има Словенката Тамара Зиданшек. Противничката која има 28 години се наоѓа на 151. место на ВТА ранг-листата. Мечот е предвиден да се игра на теренот број 11 и како четврти по распоред. Како и на мечот од првото коло се очекува македонската тенисерка да има поддршка од армија македонски фанови кои живеат во Мелбурн. Во првото коло Ѓорческа ја совлада Синја Краус од Австрија со 2:0 во сетови.