Зборот е збор - депонијата Вардариште заминува во историјата!, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Започна површинското чистење на повеќедецениската депонија Вардариште. Следува процесот на одгасување а потоа - изградба на еден од најголемите паркови на површина од 300.000 метри квадратни, по сите стандарди. Новите бели дробови на градот!, пишува Ѓорѓиевски во својата објава.