Charlie Hebdo на удар поради карикатура за пожарот во Швајцарија

Charlie Hebdo на удар поради карикатура за пожарот во Швајцарија Александра Спасеска 14.01.2026 / 08:56 Свет Швајцарски адвокат и неговата сопруга поднесоа кривични пријави против францускиот сатиричен магазин Charlie Hebdo поради карикатура за смртоносниот пожар во бар во познатиот скијачки центар Кран-Монтана. Во пожарот што избувна на новогодишната ноќ загинаа 40 лица, а повеќе од 100 беа повредени. Во петокот, на денот на жалост, Charlie Hebdo објави карикатура на која се прикажани двајца изгорени скијачи со натпис „Les brûlés font du ski“ („Изгорените одат на скијање“), игра на зборови на „Les Bronzés font du Ski“ (Исончаните одат на скијање), наслов на француска комедија од 1979 година. На карикатурата можете да се види знакот „Кран-Монтана“, а во долниот десен агол пишува „комедија на годината“. Le dessin du jour, par #Salch pic.twitter.com/YbmVqpO3X2 — Charlie Hebdo (@Charlie_Hebdo_) January 9, 2026 Барање за исплата на отштета за сите жртви Објавата предизвика бран на негодување во Швајцарија. Брачната двојка поднесе жалба до државниот обвинител во кантонот Вале против Charlie Hebdo и авторот на карикатурата, Ерик Салх. Тие тврдат дека карикатурата го крши швајцарскиот кривичен закон за прикажување на насилство, го нарушува достоинството на жртвите и ја тривијализира трагедијата со хумор. Контроверзноста доаѓа само неколку дена по 11-годишнината од терористичкиот напад врз Charlie Hebdo. На 7 јануари, Франција одбележа единаесет години откако вооружени лица убија 12 лица во канцеларијата на списанието во Париз во 2015 година. Таа годишнина повторно ги отвори дискусиите за границите на сатирата и слободата на изразување, поради што најновата објава е особено чувствителна. Во барањето, двојката бара покренување кривична истрага и, во случај на пресуда, исплата на отштета на сите жртви во трагедијата. Швајцарија Charlie Hebdo Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On