Вучиќ: Ќе има „фрка“ околу Гренланд

Вучиќ: Ќе има „фрка“ околу Гренланд Александра Спасеска 14.01.2026 / 10:16 Свет Српскиот претседател Александар Вучиќ ја коментираше моменталната ситуација околу Гренланд за време на неговото гостување во новогодишното издание на Ami G Show. „Што ќе се случи со Гренланд, дали ќе има фрка околу тоа?“, праша водителот Огњен Амиџиќ, на што Вучиќ кимна потврдно. „За луѓето кои не знаат, според потврдените резерви, Гренланд има околу 13 проценти од светската нафта, 30 проценти од светскиот гас, имаат ретки метали и минерали, тие се многу богати. Знаете дека Русија, според својата позиција, контролира 45 проценти од арктичката територија, а Америка може да влезе во играта со Гренланд само со 10 проценти контрола“, рече Вучиќ. „Голема борба е, нема лесно да заврши. Не мислам дека може да има конфликт, јасно е кој е супериорен, но ќе има вербални конфликти, нема сомнение за тоа. Се води голема стратешка борба и нема да биде лесно“, нагласи тој. Remote video URL Трамп тврди дека Гренланд е клучен за националната безбедност на САД Да потсетиме дека за време на неговиот прв мандат, американскиот претседател Доналд Трамп отворено го изрази својот интерес САД да го преземат или купат Гренланд, автономна територија што е дел од Данска, што Копенхаген решително го отфрли. Гренланд е стратешки исклучително важен поради неговата локација во Арктикот, природните ресурси и воената инфраструктура, вклучувајќи ја и американската база Туле. Трамп и неговите сојузници тврдат дека американската контрола врз Гренланд е клучна за националната безбедност на САД и ограничувањето на руското и кинеското влијание на Арктикот. Данска јасно стави до знаење дека Гренланд не е на продажба и дека иднината на територијата може да ја одлучат само нејзините жители. Гренландските власти исто така ја отфрлаат идејата за американско преземање, но во исто време го користат интересот на Вашингтон за да ја зајакнат својата преговарачка позиција кон Данска. Гренланд Александар Вучиќ Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On