Поранешниот германски канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин одлуката за напад врз Укриана ја донел најмалку две години пред 24 февруари 2022 година. -Денес сум цврсто убеден дека Путин го планираше својот напад однапред и речиси ништо не можеше да го одврати од тоа, истакна Шолц. Тој додаде дека Путин можеше да ги реализира сериозните барања, како што е одбивање на членството на Украина во НАТО или распоредување на ракети со долг дострел на украинска територија без вооружен судир. -Сето тоа можеше да се постигне без војна и на крајот Украинците ќе се согласеа, како сите ние. Тоа значи дека тој сакаше војна, посочи Шолц. (МИА)