Плачковци, тужибаби и патолошки лажговци

Кој губи има право да се лути. Да плаче де, да кенка уште повеќе. Но не и да лаже. Уште помалку да биде тужибаба и да игра за спротивниот, татарски табор. Арно ама, тоа не важи за СДС, кај кои во најава е „ребрендирање“ во СДСС. Социјалдемократскиот сојуз на Северна како последен акт и очајнички обид на плачковците да им се упикаат во „таквото“ на странците, мизерен обид да се покажат услужни и исполнителни за да некако, Бог знае како, ги вратат на власт. Не за друго, да не одат во затвор пустите, а знаат дека од судбината не се бега. Од сторениот криминал, уште помалку... Така, од вчера СДСС почна пак да си го вика она на „С“. Со голем ќеф. На страна што им стои така природно. Ко саливено. И онака, не беше фер што не го верглаа она што самите насила и го наттурија на Македонија. Видоа ајваните од Бихаќка дека патриотизмот не им стои, а народот виде дека се како слонови во пижами. Па си се свртија кон она што најдобро го знаат. Коленичење, сервилност, безрбетништво и субмисивност кон странците. Ксенофили до коска. Оикофоби, поголеми здравје,  преполни со омраза кон сопствената нација, кон сопствениот народ, култура и традиција. Негирањето на сопствената култура, а величањето на туѓата е феномен толку карактеристичен за СДСС. Вљубеници во ликот и делото на моќните странци од сите меридијани, преполни со самопрезир и автошовинизам. И ај што пак заверглаа на „С“, кое додека беа на власт го вртеа како расипани плочи, туку удрија по македонските власти дека, замсили, се карале со седите, непотребно. Кој друг може да ги брани Бугарите што МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК го нарекоа ДОСТАПЕН, ако не СДСС. Таа децениска вљубеност во туѓ стопан не е од вчера. Важно да е на „Б“. По Белград, беше Брисел, сега Бугари. Белград, Брисел и Вашингтон (тие би сакале да е Башингтон) ги отпишаа, па „дај што даш“, битно е да се слугува некому. Да се одработи против своите. Историска фалинка на антимакедонските тужибаби... И така, „државотворците“ се сведоа на една чета плачковци, тужибаби и патолошки лажговци. Плачат за Пржинската влада, тужакаат кај ќе стигнат по амбасадите и лажат-сушат со измислени афери, „српски светови“ и урнебесни петарди кои ги самонарекуваат „бомби“. Горенаведените „доблести“ станаа главни предуслови за да станете дел од врхушката на оваа антимакедонска направија, чија главна задача е да „сипа песак“ во сојузничката осовина. Арогантни агресивци кои хејтаат се' што не е СДСС. Дилајли кои ќе кажат се’ и ќе сторат уште по се’ за да бидат „видливи“, да ги ИМА. Затоа што знаат дека наскоро многумина ќе ги НЕМА. На слобода. Затоа, не се изненадувајте ако каде и да е снимат и некој филм за возрасни на Бихаќка и го лиферуваат во јавност. Само и само за да бидат присутни во истата таа јавност. За да имаат алиби кога ќе ги затворат (каде и да е), да верглаат дека се политички затвореници, не дека украле милиони народни пари. Приакаската е евтина, а летечкиот циркус на Венко Филипче нема да лета уште долго... И да, Мицкоски следната лидерска нека биде фер и нека го покани Заев. Како може Венко да додје на лидерска кога не е лидер? Може ќе прифати нешто што Зоче неќе, или па, не дал Боже, да одбие нешто што треба да прифати. Вака е сигурно, ќе си седи на Бихаќка и ќе си чека, ко попче. А му се оди, му се плаче, повеќе отколку и на журка со Харис во Дубаи...   П.С. И, аман, нека го вклучат Црпко, вистинскиот лидер на СДС, на следната лидерска преку конференциска врска од Дубаи. Кој  знае зошто, ама нешто не му се доаѓало во Македонија, велат, насетил дека му спремаат часови по клавир. А тој пустиот, толку немузикален. Башка, има пробано, знае дека не му оди свирењето. Првиот пат не бендисал, ама ич...