Франција на 6 февруари ќе отвори конзулат на Гренланд, тоа е планирано уште минатата година, изјави денеска шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро. Тој наведе дека САД мора да престанат да го уценуваат Гренланд. - Напад врз друга земја членка на НАТО не би имало смисла, би било спротивно и на интересите на САД и затоа оваа уцена мора да престане - посочи Баро за „РТЛ радио“.