Здрава навика или бескорисен тренд: Дали треба да станувате во 5 часот наутро? Александра Спасеска 14.01.2026 / 11:00 Фит Будењето во пет часот наутро стана статусен симбол на продуктивност во последниве години. „Клубот во 5 часот наутро“ повеќе не е само наслов на популарната книга на Робин Шарма, туку цело онлајн движење: утринските рутини со медитација, тренинг и планирање на денот редовно се споделуваат на TikTok и Instagram, честопати со пораката дека оној што станува рано - буквално победува во животот. Но, под тој брилијантен филтер лежи едноставно прашање: дали будењето во 5 часот наутро е навистина добро за здравјето и фокусот, или е тренд што им одговара само на некои? Зошто „клубот во 5 часот наутро“ стана толку популарен? Идејата звучи логично: ако го започнете денот порано, ќе добиете дополнително време за себе пред да започнат обврските, пораките, гужвите и „нормалниот“ живот. Робин Шарма го популаризираше правилото 20/20/20: првите 20 минути движење (тренинг, брзо одење, истегнување) следните 20 минути смирување (медитација, водење дневник, дишење) последните 20 минути учење (книга, подкаст, планирање) Многу гуруа за продуктивност го продаваат истото: „започнете го утрото како што треба и ќе го подобрите денот“. Проблемот е што оваа порака често се претставува како универзално правило, а човечкото тело, особено сонот, не функционира така. @chloeguy_ I had been up 40 minutes at this point & it wasn’t getting any easier ? but I did it ? #5amindubai #5amclub #dubai #imjustagirl #girlssupportgirls #girly ♬ Just A Girl - No Doubt Што може да биде навистина добро во станувањето рано? Ако успеете да се вклопите во раното станување така што нема да изгубите часови сон, будењето во 5 може да има неколку вистински предности. 1) Мир и фокус пред да започне „хаосот“ Многу луѓе кои стануваат рано велат дека најголемата добивка е токму тишината - особено ако живеат со семејство или цимери. Во тој период, никој не бара ништо, телефонот не ѕвони, нема сообраќајни метежи, а мозокот може полесно да се фокусира. 2) Чувство на контрола врз денот Кога некој вежба или барем го планира денот пред работа, може да добие психолошки „поттик“: денот веќе добро започнал, полесно е да се започне со обврските и има помалку чувство дека постојано доцните. 3) Движењето наутро често ја зголемува енергијата Утринската вежба (дури и лесна) може да ви помогне да се разбудите природно, без „четири кафиња до пладне“ и чувство дека денот веќе е изгубен. Но, дали е добро за здравјето? Клучот е - колку спиете Тука доаѓаме до најголемата стапица на целиот тренд: будењето во 5 часот не е проблем. Проблемот е будењето во 5 часот со премалку сон. Ако некој стане во 5 часот и заспие на полноќ, резултатот обично не е „продуктивност“, туку: замор, пониска концентрација, полошо расположение, поголема раздразливост, намален имунитет, поголема желба за слатки и грицки. Една жена која ја пробала оваа рутина ги опишала своите денови како да минуваат во „магла“, а нејзиниот дневник бил сведен на реченицата: „Сакам да се вратам во кревет, ве молам“. Всушност, тоа е доста типично сценарио: не е проблемот рано наутро, туку тоа што телото не го добива она што му е потребно. @shelbysacco5 5 years of 5am going on 50 kidding about the beware - best decision of my life and bc i built it as a habit i don’t even have to decide to do it for the rest of my life LOL I just will show up and do it on auto pilot (habits are essentially an automatic behavior that you’ve taught yourself and don’t need motivation for ayyyy) Anyway!!! happy new year and happy day one of the Sad to Savage Habits, Strength, Pilates and Nutrition program to all who celebrate!!! #morningvlog #morningroutine #sadtosavageprogram #healthyhabits ♬ original sound - Shelby Sacco Експерти: „Нема ништо посебно во пет часот наутро“ Расел Фостер, раководител на Институтот за спиење и циркадијална невронаука на Универзитетот во Оксфорд, е еден од погласните критичари на фетишизацијата на ранобудниците. Неговата поента е едноставна: не е важно кога станувате, туку колку спиете и во кој ритам живеете. Тој предупредува дека повеќето луѓе не можат само „магично“ да си легнат во 21 часот, бидејќи имаат деца, обврски, домаќинство, друга работа или едноставно - живот. Затоа раното станување често завршува како хроничен недостаток на сон, што не е безопасно на долг рок. „Клубот во 5 часот наутро“ има и скриена димензија - привилегија Раното станување често се продава како прашање на дисциплина, но во пракса тоа е и прашање на околности. Луѓето кои промовираат таков режим најчесто имаат можност некој друг да се грижи за дел од домашните обврски, работат флексибилно или од дома, не работат во смени и/или немаат мали деца кои се будат ноќе. Во овој контекст, „само станувај порано“ понекогаш звучи како совет што добро функционира на интернет, но не и во реалниот живот. @jadesworld39 more Mel Robbin’s since you all love her as much as I do? ♬ original sound - Mel Robbins Како знаете дали будењето во 5 часот е добро за вас? Најкраткиот тест е овој: дали се чувствувате подобро или полошо? Будењето во 5 часот наутро може да биде добро ако: можете да си легнете порано и да се наспиете доволно имате утринска енергија го користите утрото за мир, тренинг или фокус остатокот од денот имате постабилен ритам и помалку стрес. Будењето во 5 часот наутро е лоша идеја ако: спиете помалку од 7 часа сте нервозни и уморни цел ден за време на викендите „паѓате во кома“ затоа што го надополнувате сонот јадете повеќе затоа што исцрпеноста ве тера да посакувате шеќер и грицки имате чувство дека целиот ден е казна, а не победа. Ако некого го привлекува идејата да стане рано, експертите советуваат постепен премин, без екстремни намалувања. Наместо алармот да ѕвони утре во 5:00 часот, многу е подобро да го одложувате будењето за 10 - 15 минути порано на секои 2 - 3 дена, а исто толку да го одложувате и одењето во кревет. Исто така, наутро треба да правите едно нешто што навистина помага (пешачење, тренинг или планирање) и да го избегнувате мобилниот телефон во првите 20 минути бидејќи ја убива целата идеја за мир и избегнување на хаос. Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On